Термовиска контрола
Не Акредитирана услуга :
Технички прегледи и периодични испитувања на:
- – Техничките прегледи и периодични испитувања се засноваат на Stefan–Boltzmann закон за зрачење на апсолутно црно тело. Секое тело во зависност од својата температура зрачи инфрацрвени зраци со интензитет пропорционален на неговата температура. Со снимањето на ова зрачење се добива прецизна претстава за температурата на тоа тело.
- Термовизијата дава можност да се испитуваат електроенергетски постројки и електрична опрема во погонски услови. Со тоа е овозможено откривање на топлите (прегреани) точки на електроенергетските постројки и електрична опрема. Така може да се утврдат точките каде постои неисправно функционирање, што во екстремни случаи може да престанат да функционираат и да дојде до прекин на работата.