Политика

MIQ – Македонскиот Институт за Квалитет го применува, одржува и подобрува системот за управување со квалитет согласно стандардот МКС EN ISO/IEC 17020:2012.

Основните принципи на нашата Политиката за квалитет се доследно спроведување на нашата Мисија и Визија, при тоа ослободена од секакви финансиски, комерцијални и политички влијанија.

Односот со клиентите, Министерството за економија, Министерство за труд и социјална политика, Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за техничка инспекција, Државниот инспекторат за  труд, како и со Институтот за акредитација на Република Македонија да се одржува со почитување и взаемна доверба.

Да се чуваат и штитат како доверливи информациите и правата на клиентите.

Сите вработени да придонесуваат за исполнување на политиката за квалитет.